УЈП објави нова листа: Ова се најголемите должници во Македонија

УЈП објави нова листа на должници. 4425 субјекти, фирми, граѓани, јавни претпријатија на државата ѝ должат 230 милиони евра за неплатен ДДВ ,данок на добивка, персонален данок на доход…

Ова е  најновата петта листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи, со надеж дека ќе ги собере задолжителните уплати.

Сегашната должниците кон државата ги предводи „Отекс“ со долг од 11,3 милиони евра. Второ на листата е ЈП„Македонија пат“ со долг од 7 милиони евра.

Меѓу должниците се уште е и МРТ со долг од 1,5 милиони евра и повеќе други јавни претпријатија, фирми во сопственост на државата кои се загубари како и фирми во стечај.

Листа на должници се однесува на долгови доспеани до 31.01.2017 и неплатени до 30.04.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

 

 

 

11.05.2017 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега