Асоцијацијата на земјоделци очекува постепено да почне исплатата на субвенциите

 Асоцијацијата на земјоделци во Република Македонија денеска ја поздрави одлуката на Уставниот суд, со која се овозможува Министерството за финансии и Платежната агенција да почнат со исплата субвенциите на земјоделците и сточарите.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека сепак земјоделците и сточарите треба да се стрпат два до три дена за да се види како оваа одлука може да се реализира, по што очекуваат постепено да се почне со исплатата на субвенциите.

- Последен состанок имавме на 27-ми април со премиерот  Емил Димитриев и тогаш ни беше речено дека има само правни проблеми за исплатата на субвенциите, а финансиски нема, вели Шаклев.

Тој истакна дека земјоделците и сточарите очекуваат постепено да почне исплатата на субвенциите, бидејќи секоја година за субвенции има околу 80.000 апликации.

- Исплатата ќе биде сукцесивна, како што вети директорот на Платежната агенција прво ќе се исплаќаат житариците, полједелството, па после градинарството и на крајот е сточарството. Не е битно дали ќе задоцнат пет или десет дена најважно е земјоделците да ги добијат субвенциите иако со задоцнување. Затоа што оваа според наше мислење е една од најлошите години во земјоделството, вели Шаклев.

 

 

 

10.05.2017 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега