Сител: Двегодишно дете од Скопје ги испило лековите на баба му

Двегодишно дете од Скопје викендот се наголтало лекови што ги пронашло во торбата на неговата баба. Од љубопитност пробало седативи и апчиња за висок крвен притисок и маснотии. Во многу тешка здравствена состојба завршило на Клиниката за детски болести. Вистинска драма било на одделот за интензивна нега, каде лекарите едвај успеале да го спасат неговиот живот- пишува Сител.

-Беше во многу тешка, коматозна состојба. направило микстура од лекови. Во вакви случаи многу е важно да се знае кои лекови ги испило за да може веднаш да дејствуваме. Го перевме прво желудникот за да биде исчистен од сите токсини, вели др. Аспазија Софијанова директор на Клиника за детски болести

Двегодишното дете кое сеуште е хоспитализирано на одделот за Пулмологија, не е единствен ваков случај на Детска Клиника. Лекарите паметат многу драматични ситуации во кои детската љубопитност можела да биде фатална

-Прво, овие лекови мора да бидат подалеку од дофат на децата. Никако да не ги ставаме во наша близина за да бидат во дофат и овој апел е до родителите но и бабите и дедовците и сите во смејството. По проодување детето сака се и тоа е нмогу опасно доколку во такви ситуации не дојдат веднаш да побараат лекарска помош, вели Софијанова

Во упатството на секој лек пишува..Подалеку од дофат на деца. Софијанова го посочи и примерот во словенечката, каде на секој агол има табла со предупредување лековите да не бидат во близина на децата.

– Доколку во торбата носите лекови, внимавајте каде ја оставате бидејќи овие апчиња многу лесно можат да завршат во рацете на вашите деца, да ги пробаат мислејќи дека се бомбони и за завршат како итен случлај на Клиника за детски болести.

 

 

 

09.05.2017 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега