Падна кров од зграда во Чаир (ВИДЕО)

Вчера околу 17 часот, кровна конструкција од зграда на улицата Серава во Чаир биле срушена, а според очевидците причина е силниот ветер. Кровот од зградата завршил на улица, но за среќа нема повредени, туку причинета е само материјална штета.

Граѓаните што живеат во близина велат дека за среќа нивните деца во тоа време биле на училиште и никој не настрадал. Како што велат тие, причина за ова бил силниот ветер.

Сопственикот на зградата, не сакаше да зборува пред камерата на ТВ21, но вели дека причина за ова е силниот ветер. Поради силниот ветер и многу дрвја во Паркот на Чаир се најдоа на земја. Во текот на вчерашниот ден невреме имаше и во Куманово. Град со големина на лешник паѓаше околу десетина минути. Невремето беше проследено со силни грмежи, дожд и ветер.

Од Управа за хидрометеоролошки работи известуваат дека денеска не се очекува невреме.

Од УХМР известуваат дека стабилизирање на временската состојба и пораст на дневната температура се очекува од четврток.

 

 

 

06.05.2017 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега