Им подлегна на повредите: Почина и убиецот на градоначалникот на Боговиње

Убиецот на градоналникот на Боговиње кој по убиството си пукаше во глава им подлегнал на повредите, информира МВР.

„Во врска со настанот што денеска се случи во с.Боговиње каде беше убиен градоначалникт на општина Боговиње, Ве информираме дека лицето Ќ.А. (53) од Боговиње кое беше повредено од огнено оруже во пределот на главата и кое беше префрлено во Ургентниот Центар Скопје, им подлегнало на повредите и починало.“ - се вели во писменото соопштение на МВР

На настанот му претходела вербална расправија помеѓу градоналникот Х.И. и Ќ.А која ексалирала по што Ќ.А. со неколку куршуми го убил градоналникот па си пукал во глава.

 

 

 

06.05.2017 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа