Нов закон: Сега може да си купите виза за Австралија - ова е цената

Секоја година, околу 15.000 доселеници ќе имаат можност да ги земат своите родители во Австралија на десет години. 

Оваа нова виза ќе изнесува до 20.000 долари. Спонзорите, односно нивните деца, ќе ги платат сите трошоци за приватно здравствено осигурување. Исто така, тие ќе бидат должни да платат за сите дополнителни трошоци за здравствена заштита во текот на престојот на нивните родители во Австралија.

„Трошоците за здравствена заштита, кои треба да ги плати спонзорот, се зголемуваат со годините на пациентите“, вели Алекс Хок, помошник министер за имиграција. 

Новите одредби би можеле да ѝ помогнат на австралиската влада да ги намали трошоците за здравствена заштита кои се во пораст. Ако првата година од применување на законот се пополни квота од 15.000 визи, тоа би значело плус 150 милиони долари. Носителите на визата нема да имаат право да работат во Австралија, меѓутоа владата сенадева дека тие би ги чувале децата, со што би се намалил притисокот на градинките.

 „Бабите и дедовците кои ќе ја добијат визата би можеле да се грижат за внуците додека родителите работат“, вели Хок. 

Но, Хенри Шерел, експерт за миграција од австралискиот национален универзитет, е критичен кон најавената одлука. „Цената е екстремно висока за привремена виза“, истакнува тој. Владата планира одлуката за визите да ја објави следната недела, заедно со пресметката за новата финансиска година.

 

 

 

05.05.2017 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега