Подгответе се за големи промени - еве какво време не очекува од наредната недела

Во Македонија денес ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време иако дневните температури ќе бидат во опаѓање. Попладне во крајните северозападни предели како и во североисточните и источните предели развој на нестабилност која што ќе услови локални врнежи од дожде и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. 
Во Скопје денес во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и посвежо време. Ќе дува доумерен слаб југозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 25 степени. 

Од сабота во Македонија  времето ќе биде претежно сончево  со појава на локална облачност и посвежо време со благо опаѓање на температурите, утринските од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни од 15 до 26 степени. Во недела претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која што донцна попладне и навечер ќе донесе врнежи од дожд кои во источните и југоисточните предели ќе бидат поинтензивни, локално и над 25 литри на метар квадратен. Дневните температури од 17 до 28 степени. Нестабилното време ќе продолжи и во понеделник кога се очекуваат нови врнежи од дожд и дополнителен пад на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 12 до 23 степени. Во вторник претежно сончево време со локална облачност, попладне во југозападните, јужните и југоисточните предели со сосема слаби и локални врнежи од дожд и свежо време со температури кои ќе достигнат до 10 односно до 21 степен. 

 

 

 

 

05.05.2017 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега