Лузната и го одбележа живот, но таа не дозволи да и се претвори во пекол

Најдоброто патување за Филида Свифт (23) од Велика Британија која отиде да волонтира во Гана, се претвори во најлош кошмар.

Денот кога допатува, доживеа страотна несреќа. Мила во минибусот со 14 луѓе кој се судрил со друго возило.

-Одев околу автобусот, без дезориентирана. Единствена работа за која бев смесна е дека лицето ми е исечено. Луѓето околу мене ме фаќаа за раце и ми велеа да не го допирам, раскажува Филида.

-Ја однеле во болница. Лицето и било расечено, изгубила чувство во едното око, го скршила колкот, неколку ребра, повеќе коски во грбот и лактот. Шест дена лежела во болница, и тогаш ја префрлиле во Велика британија каде и ги извадиле конците од лицете. И требало уште два месеци за да се опорави.

 

 

 

Ретко излегувала од дома. Вели дека на некој начин вегетирала. Емотивно потполно потонала, но потоа малку по малку и се враќала самодовербата.

Во тоа и помогнале пријателите, кои во ниту еден момент не ја гледале поинаку отколку пред несреќата.

Луѓето на улица се загледувале во неа, но вели, немало навредливи коментари. На почетокот се обидувала да ја скрие луузната со шминка, но се откажала.

-Научив да се носам со тоа гордо. Имаше тешки моменти, но не чувствувам потреба да излезам од дома со полно лице шминка секој ден, вели оваа храбра девојка.

Огромната лузна на лицето ќе ја потсетува цел живот на тоа што го преживеа. Сепак тоа не ја поколега. Продолжи да го живее животот целосно, повеќе не ја крие лузната и благодарна е што остана жива. Денеска патува и одржува мотивациски говори за луѓето кои се во слична ситуација како и таа, поради некоја несреќа или болест.

-Животот е премногу краток за да се замараме со мали работи и да се грижиме што другите мислат за нас. јас среќно и гордо ја носам својата лузна, зошто тоа е знак на она што сум го поминала и треба да бидам свесна колку сум среќна, додава Филида.

Printscreen

 

 

 

05.05.2017 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега