Ја испробале ригорозната диета на ангелите од Victoria’s Secret и биле шокирани од резултатот

Јутјуберките Кендис Ловри и Мишел Кер ги здружиле силите за новото видео во кое четири дена биле на ригорозната диета која ја држат ангелите од Victoria’s Secret пред нивните големи модни ревии, пишува „Daily Mail”.

Кендис на почетокот од видеото предупредува дека нема во целост да се држи до диетата на манекенките пред ревија и дека два дена ќе јаде „нормално“ (односно онака како што манекенките вообичаено се исхрануваат), а потоа дека два дена ќе биде на диетата која ја практикуваат пред ревии.

Најстрашниот дел од строгиот режим на исхрана е поврзан со период од девет дена пред модната ревија, а кого Адријана Лима детално го опишала во интервју за „Телеграф“ уште во 2011 година. Таа рекла дека во тој период пие само протеински пијалоци и многу вода, а два дена пред ревијата го намалува и внесот на вода во организмот, бидејќи „понекогаш можеш да изгубиш и до четири килограми само ако не внесуваш течности“. Дванаесет часа пред ревијата, Лима не јаде и не пие апсолутно ништо за да се „исуши“.

 

 

Првиот ден од диетата девојките биле на „вообичаениот“ режим на исхрана на ангелите од Victoria’s Secret. Житарки, белки, портокал и јогурт било се` што јаделе во текот на денот, а навечер се „почестиле“ со брокула и варени пилешки гради.

Веќе вториот ден Мишел проговорила дека се чувствува многу уморно, а третиот ден се чувствувала многу лошо. „Оваа диета е ужасна и не би му ја препорачала ниту на најлошиот непријател“, рекла Мишел.

На крајот од експериментот девојките се согласиле дека деновите од „нормалната“ диета се всушност добра основа за здрав начин на исхрана, додека периодот на течната диета го опишале како „период на преживување“. Мишел додала дека не можела да спие и дека не би можела вака да преживее.

„Ова дефинитивно не е здрав начин за губење на килограмите и чудно е, бидејќи... Ниту една нормална личност не би поминувала низ ова, а овие манекенки би требало да ги претставуваат жените кои ја купуваат облеката“, заклучила таа.

 

 

 

 

04.05.2017 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега