Насилство врз маж- поранешната жена го тероризирала, па го исфрлила

61-годишниот Ненад Ј. од Нови Сад, со години трпел терор од својата поранешна сопруга која најпрво го исфрлила од станот, а во рок од една година му уништила три автомобили.

-„Се разведовме во 2008 година, но живеевме заедно до пред две години кога таа одлучи да ја промени бравата од станот и буквално ме исфрли од станот, а дел од недвижнините кои се на мое име ги издала, иако јас имам судско решение за нив.“- ја започна приказната Ненад.

Тој својата сопруга ја пријавил за насилство веќе 6 пати, бидејќи и таа и нивниот 27-годишен син се здружиле против него.

-„Со бела боја на автомобилот го испишала името на нејзиниот поранешен сопруг, а поради недостаток од докази, полицијата не и може ништо.“- тврди Ненад и додава дека поранешната жена два пати го пријавила за насилство, но и тој бил ослободуван.

Ненад има здравствени проблеми со срцето, па поради овие слчувања завршил во болница поради претрпен стрес.

 

 

 

04.05.2017 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега