Песочна бура во Пекинг- луѓето со маски, сите летови откажани

Песочната бура којашто го зафати северниот дел од Кина во четвртокот го намалила квалитетот на воздухот и видливоста, а издадени се и предупредување децата, повозрасните и хронично болните лица да останат во свите домови.

Пролетта вообичаено е периодот кога започнуваат песочните бури во Кина, кога ветровите дуваат преку пустината Гоби носејќи со себе честички од песокот и прашина, коишто потоа паѓаат на појасот на густонаселениот регион натаму на југ.

Најлошиот дел од бурата ќе биде концентриран во оддалечената област покрај границата со Монголија, но и главниот град Пекинг и најоддалечените области на североистокот од Кина ќе бидат погодени во идните 24 часа.

Официјалните податоци од владата покажуваат дека количеството на честичките кои лебдат во воздухот, познати како PM 2.5, се зголемила на 630 микрограми на кубен метар во делови од Пекинг во четвртокот утрото.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) препорачува концетрации пониски од 10 микрограми.

Властите на кинеската престолнина велат дека Пекинг може да биде под влијанието на бурата до петок кога квалитетот на воздухот ќе се подобри, бидејќи ќе се преместува полето на висок воздушен притисок.

 

 

 

04.05.2017 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега