Дачиќ: Не знам со што Александар Вучиќ и Владата на Србија заслужија ваков брутален напад од Заев
Првиот претседател на Владата и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ вчера оцени дека српските пријатели не се однесуваат вака како што настапи лидерот на Социјал демократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев.
- Србите се најголеми и најдобри пријатрели на Македонците, а вака како што настапи Зоран заев не се однесуваат пријателите на Србија, рекол Дачиќ реагирајќи на изјавата на Заев дека Србите на власт се националистичко раководство.
- Не знам со што Александар Вучиќ и Владата на Србија го заслужија овој брутален и скандалозен напад од страна на претендентот на место македонскиот премиер Зоран Заев. Зар не му се доста проблемите кои ги има во Скопје, па бара и во Белград?, се запрашал Дачиќ.
Тој потсети дека Вучиќ со денови и месеци предупредува на мирно решавање на проблемите во Македонија, без да се меша во внатрешните работи, бидејќи стравува дека може да дојде до нестабилност во целиот регион.
- Зошто Заев не ги напаѓа Рама и Тачи, туку Вучиќ? Не е тој толку наивен да не знае дека концептот за Голема Албанија не е комплетен без Скопје, изјавил Дачиќ.
Според неговите зборови, како што македонските граѓани имаат право на слободен избор за своето раководство, нема ни многу посилни земји од Македонија да одредуваат кого граѓаните на Скопје да изберат,нема ниту многу поголеми лидери од Заев да влијаат.
- Србија кон Македонија била искрена, ја призна под уставно име, иако со тоа се замери со Грција, ниту еден збор не прозборе во мешањето на внатрешните работиа, а Македонија го призна Косово, гласаше против Србија во Унеско и сега е кандидат за премиер брутално го навредува раководството на Србија и убедливо избраниот Александар Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа