ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на нозе - криминалецот Заев ќе одговара

Зоран Заев лажеше во интервјуто за Дојче Веле, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.

„Лажгото Зоран Заев останува лажго. Криминалецот Зоран Заев останува криминалец. Лаги искажани од измамникот во интервјуто за Дојче Веле покажуваат како работи умот на човек кој е уценет и исплашен дека ќе мора да одговара за криминалите што ги правел. Зоран Заев не може да сфати дека некој искрено ја сака Македонија и дека некој искрено и чесно се бори за одбрана на државните и национални интереси. Кај него се е предмет на пазарење и преговарање. Затоа Заев лаже и клевети. ВМРО-ДПМНЕ ниту барало амнестија, ниту има причина да бара амнестија. ВМРО-ДПМНЕ секогаш било на страна на народот и државата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и криминалецот Заев.

            Овојпат ризикот е цела Mакедонија да стане жртва на антидржавното однесување на Заев. Тој се обидува цела држава да ја држи како заложник за да се спаси од криминалите во кои тој до гуша е заглавен.“ – велат од ВМРО-ДПМНе реагирајќи на изјавата на Заев дека Груевски се пазарел за да биде спасен од кривично гонење.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев ги излажал граѓаните и дека во намера час поскоро да ја спроведе Тиранската платформа, наредил да се пука кон народот.            

„Затоа е подготвен набрзина да ја спроведе Тиранската Платформа, затоа е подготвен спротивно на Деловникот да избере тирански претседател на Собранието, затоа е подготвен да нареди да се пука кон сопствениот народ.

            Криминалецот Заев и врхушката околу него, освен што ги измами граѓаните, освен што  ја погази волјата на граѓаните, освен што ги погази Уставот, Деловникот и законите, освен што нареди да се пука по граѓаните, систематски работи на распродажба на државните и националните интереси само за да се добере до власт.

            Неговата деструктивност нема да му помине. Нема да му помине ниту заплашувањето на граѓаните со приведување на недолжни луѓе. За ова тероризирање на сопствениот народ, криминалецот Заев ќе одговара.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека поради антидржавната политика на СДСМ, народот е револтиран.

            „Револтот на народот од неодговорната и антидржавна политика на криминалецот Заев расте. Тој од една страна постојано го игнорира и омаловажува барањето на народот, а од друга страна постојано со своите недемократски, незаконски и антидржавни потези го провоцира.

            ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните да не потпаѓаат под лагите и провокациите на овој хроничен лажго, бидејќи тоа е дел од сценариото кое Заев треба да го спроведе, а го обмислиле надворешни центри кои не и мислат добро на Македонија и на народот.

            Граѓаните имаат право на изразување на револт и тоа да го прават достоинствено и демократски. Тоа е најсилната одбрана од оваа антидржавна структура во СДС.

            Македонија е на нозе!

            Народот се буди!“ – стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

02.05.2017 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега