ВМРО-ДПМНЕ поднесува кривични пријави за Мухиќ и Мисовски
Кривични пријави против пратениците Ферид Мухиќ и Горан Мисовски најавија денеска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Антонио Милошоски на својата страна на Facebook напиша дека ќе бараат од судот неговите колеги да одговараат за неделовнички дејствија и предизвикување на политичко насилство.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека политичките амбиции на ниту еден политчар или партија ниту пак платформа на туѓа држава не даваат право за да се крши деловникот.
За партијата обидот за избор на Џафери е нелегитимен и политичките притисоци нема да успеат.
„На Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не и потребен нелегален Претседател на Собранието, нелегална Влада и создавање на тешки политички преседани со формирање на паралелни институции спротивни на Уставот кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици
Платформата од Тирана не е поважна од Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија
Пратениците во Собранието имаат мандат од граѓаните, граѓаните се носители на суверенитетот во Република Македонија и нивниот став е најбитен, без разлика дали е изразен на избори или на демократски протести
Ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту пак заради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи.“ – вели Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа