И Вељаноски и Џафери свикуваат седница на Собранието

 

И Талат Џафери и Трајко Вељаноски најавуваат дека ќе ја свикаат новата седница на македонското Собрание.
По чудниот „избор“ на Џафери за собраниски спикер тој вчера прошета во Собранието и сам се уверуваше каква била материјалната штета од неговиот „избор.
Тој рече дека ќе се потрудел да биде претседател на сите пратеници, а честитките ги доби од американскиот дипломат Хојт Ји.

До денеска, никој со сигурност не може да каже, кој гласал за Џафери, колку пратеници биле присутни во Собранието и како точката за негов избор се најде на дневен ред.
За ВМРО-ДПМНЕ Џафери не е претседател на Собранието, а неговиот избор е спротивен на Уставот.
Актуелниот претседавач со законодавниот дом, Трајко Вељаноски најави дека штом се
создадат услови тој ќе го свика продолжението на конститутивната седница.

„Има 4-5 изборни места каде што се уништени места за пријавување, зборување и гласање. Штом ќе се поправи јас како претседавач, ќе одлучам и ќе закажам продолжение на седницата.“ - изјави Вељаноски.

 

Останува прашањето кој ќе биде побрз  за свикување на Собранието. Дел од пратениците пристигнуваат во Собранието, но најава за собраниска седница нема. Собраниските служби брифираат дека нема техничка можност за свикување на седница, а увидот на полицијата е завршен. 

 

 

 

02.05.2017 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега