Џафери за ХРТ: Јас сум легитимен Претседател - Иванов има рок од 10 дена да го даде мандатот

 

Новиот претседател на Собранието Талат Џафери е единствен легален и легитимен претседател на Собранието, изјави тој  за ХРТ,  хрватската државна телевизија. И му даде рок од 10 дена на претседателот на државата, период во кој Иванов треба да го му додели мандат на парламентарното мнозинство за формирање влада. Според извори на НОВА, рокот почнува да тече од денот кога новиот спикер на Собранието ќе испрати писмо со такво барање до Иванов.

“Ако претседателот Иванов не го даде мандатот за влада на парламентарното мнозинство – тој ќе направи кривично дело. Тој тоа мора да го направи бидејќу уставот и законите не познаваат такво непостапување”, рече Џафери за ХРТ.

На прашањето дали Тиранската декларација го урива суверенитетот на Македонија Џафери рече дека не се работи за никаква декларација туку за договор помеѓу партиите за постизборна соработка.

“Хаосот во Македонија е политички мотивиран поради неподготвеност да се предаде власта. За тоа е најодговорен директно Груевски а индиректно Иванов”, рече Џафери.

Интервјуто за ХРТ беше направено во просториите на Собранието.

 

 

 

02.05.2017 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега