Груевски на средба со претседателите и преставниците на „За Подобра Македонија“ - осуда за насилството и нелегалниот избор на Џафери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес во партиското седиште оствари средба со претседателите и преставниците на партиите кои се дел од коалицијата За Подобра Македонија.

-На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на собранието. На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

gruevski sredba koalicija1

Исто така се осудуваат провокациите од страна на СДС и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните. Прекршени се уставот, законите и деловникот, и за тоа мора да има одговорност.

gruevski sredba koalicija2

Коалицијата За Подобра Македонија осудува насилство и истото не треба да биде начин на комуникација, потребно е смирување на страстите и ноесење на одлуки во согласност со уставот и законите.

 

 

 

30.04.2017 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега