Хојт Ји во Скопје - средба со Иванов, Џафери и политичките лидери
Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји, денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија за време на која ќе се сретне со државниот врв и со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот.
Ји ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на БЕСА Билал Касами, со Весел Мемеди од Алијансата на Албанците и со Мендух Тачи лидерот на ДПА, како и со како што се наведува во соопштението од Амбасадата на САД, претседателот на Собранието Талат Џафери.
Според агендата, тој треба да оствари средба и со претставници на граѓанското општество и на дипломатската заедница.
На состаноците, како што се посочува,, ќе се разговара за статусот на формирање влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција.
Предвидено е по средбите заменикот државен секретар Ји утре попладне да даде изјава за медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа