Руската амбасада во Тирана демантира дека имало закани од есктремисти од Македонија и од Косово

Руската амбасада во Тирана ја деманираше информацијата емитувана на дел од албанските медиуми, во која тие тврдат дека амбасадорот Александар Капрушин имал закани по живот од радикални екстремистички групи од Македонија и од Косово.

Во соопштението, амбасадата искажува изненадување од пласирањето вакви неточни информации, јави дописникот на МИА од Тирана.

- Руската амбасада искажува големо изненадување и зачуденост во врска со веста објавена на телевизијата Визион Плус, а потоа и на други албански медиуми, околу безбедноста на руската дипломатска мисија во Тирана. Во нашите оценки, за една толку сензитивна сфера, како што е заштитата, безбедноста и одбраната на странските дипломатски мисии, што според меѓународното право, е обврска на секоја земја домаќин, не треба да биде објект на јавна дебата, стои во соопштенето за јавноста.

Во него се додава дека без оглед што медиумите се повикуваат на некој дипломатски извор, информацијата содржи невистинити и целосно провокативни информации, дека наводно руската амбасада во Тирана планира да донесе група свои агенти за антитероризам, како дополнително обезбедување на истата.

Амбасадата во исто време ги демантира информациите во албанските медиуми дека на престојните парламентарни избори, на 18 јуни, ќе има руско влијание. 

 

 

 

29.04.2017 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега