Заев го повика Вељаноски да го предаде кабинетот

Зоран Заев денеска јавно го повика Трајко Вељановски до вторник да му го предаде кабинетот на талат Џафери, а Иванов за десет дена да го даде мандатот за да формира влада, ова лидерот на СДСМ го изјави во емисијата Топ тема на Телма. 

Во емисијата „Топ тема“ на Телма Заев истакна дека СДСМ и досега барала мирни начини за решавање на проблемите и дека веруваат дека исто така ќе се реши и овој.

„Без насилство, со трпение и присебност. Јас би сакал утре, иако е сабота, Трајко Вељаноски да му се јави на Талат Џафери и да изврши примопредавање на функцијата претседател на Собранието. Но, веројатно ова ќе се случи во вторник. Мора да се случи. Оставивме 31 ден. Знаеја дека мнозинството ќе се обиде да избере претседател. На крајот го направивме тоа мирно, спокојно, никого не провоциравме. Па 11 години сме во опозиција, сега имаме парламентарно мнозинство и мора да формираме влада. Граѓаните не можат да чекаат“, рече Заев.

Според него, за вчерашните насилства во Парламентот виновни се ВМРО-ДПМНЕ, а не тие и посочи дека насилства се случиле заради тоа што полицијата била должна да го заштити парламентот и пратениците, но за жал тоа не го сторила.

 

 

 

28.04.2017 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега