ГРОМ: Извршени се антидржавни дејствија од политички партии, пратеници и граѓани

 Граѓанската опција за Македонија смета дека Република Македонија се наоѓа во најголемата политичка и безбедносна криза од осамостојувањето, која не е само меѓуетничка, туку и интеретничка и дека вчера биле извршени повеќе антидржавни дејствија од политичките партии, пратениците во Собранието и граѓани.

- Однесувањето и дејствијата што ги преземаа одделни пратеници во Парламентот  и самоволието на одделни граѓани не придонесуваат за мирот и безбедноста на граѓаните, туку напротив, не водат кон нови конфронтации, сметаат од ГРОМ.

Според партијата, антидржавно дејствување е тепањето пратеници во Парламентот кое го осудуваат, необезбедувањето безбедност на сите пратеници и граѓани на државата, пеењето химна на странска држава во Собранието на РМ, кога претставниците на законодавниот дом не го почитувале Уставот и законите  кои сами ги донесуваат, потоа изборот на претседател на Собранието на начин спротивен на Уставот.

- ГРОМ не е против Талат Џафери да биде претседател на Собранието на Република Македонија, но е енергично против да биде избран на начин спротивен на Деловникот на Собранието, се наведува во соопштението и воедно се упатува апел до меѓународната заедница да дадат свој придонес за смирување на тензиите во Македонија, а до граѓаните на РМ од сите етнички заедници и различна верска припадност да не влегуваат во конфронтации и насилства.

 

 

 

28.04.2017 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега