Каракамишева: Нелегитимниот избор на претседател на Собранието е државен удар

Денеска беше направен државен удар, класичен, каде што на нелегален и нелегитимен начин е избран нов претседател на Собранието на Република Македонија, изјави во гостувањето во студиото во ТВ Нова универзитетската професорка Тања Каракамишева.

-Но да не заборавиме дека за да се смета тој претседател избран, потребно е таа одлука за избор да биде објавена во службен весник на Република Македонија. Понатака потребно е таа одлука за избор да биде верифицирана со давање на печатите на г. Талат Џафери, вели Каракамишева.

Според неа, тоа нема да се случи.

Ниту таа одлука ќе биде објавена во службен весник, ниту печатот ќе му се предаде на господинот Талат Џафери така како сценаристот наумил, рече Каракамишева и додаде дека странскиот фактор порачува дека оваа ситуација треба да се надмине со дијалог.

 

 

 

 

27.04.2017 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега