Б92 за инцидентите во Скопје: Албанците почнаа да ја прават својата трета држава на Балканот

 

Албанците почнаа да ја прават својата трета држава на Балканот, оценуваат аналитичари за ТВ Пинк, цитира Б92.

-Заев е спремен да им даде многу, не размислувајќи за иднината на државата. Албанскиот сепаратизам доби крилја со пуштањето на слобода на Рамуш Харадинај. Тие се подготвени и на војна, а македонскиот народ, како ниту еден во светот не сака да гледа како државата му попаѓа. Ако им се дозволи на Албанците да кршат, ќе ја скршат и Македонија, смета Драгомир Анѓелковиќ.

Експертот за безбедност Срѓан Перишиќ вели дека Албанците почнаа да ја прават својата трета албанска држава, а имаат поддршка од Западот и НАТО, во спротивно не би се осудиле на таков чекор, пишува Б92.

-Западот ги перципира како свој главен фактор. Сведоците сме на инцидентите и насилството во Македонија, затоа што некому му е грижа само за функција и пари, посочи Перишиќ.

Како што истакна, Албанија сака интервенција од Запад, но само ако е во нивна корист. Тие настојуваат со конфликтна политика да го привлечат Западот така да реагира.

-За овој конфликт се одговорни Европската Унија и Брисел, смета Перишиќ.

Аналитичарот Тони Науновски вели дека Македонија по ова нема да биде иста, затоа што се избрани двајца премиери, еден легален и еден нелегален министер, посочувајќи дека државниот удар ја уништува државата.

-Ова ја руши Република Македонија во своите основи и шокиран сум зашто се надевав дека членовите на некои партии ќе имаат барем малку разум, вели Науновски, додавајќи дека овие инциденти ќе продолжат доколку не се воведе вонредна состојба, цитира Б92.

Тој очекува да биде воведена вонредна состојба, со што ситуацијата ќе се стабилизира.

 

 

 

27.04.2017 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега