Американската амбасада во Скопје ги осуди инцидентите во Собранието

По инцидентите во Собранието на Република Македонија, се јави со осуда и Американската Амбасада.

- „Тоа воопшто не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин за решавање на разликите. Клучно е сите партии да ги почитуваат демократските процеси и законот, и да се воздржат од насилни активности што ја влошуваат ситуацијата. Мнозинството пратеници го избра Талат Џафери за претседател на Собранието за време на редовна, континуирана седница на Собранието посведочена од страна на јавноста и на новинарите. Ние ќе работиме со него за да ја поддржиме демократијата и за да ги унапредиме интересите на Македонија“, стои во реакцијата на американската амбасада објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

 

 

 

27.04.2017 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега