МВР: Се врши евакуација на преостанатите пратеници

Во рамки на Оперативниот штаб во 20:40 часот – Директорот на Бирото за јавна безбедност издаде наредба до полициските припадници на терен, медицински лица да се упатат во Собранието на Република Македонија и да укажат помош на повредените, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

-Во Собранието на Република Македонија се врши евакуација на преостанатите пратеници, а повредениот пратеник Зијадин Села беше евакуиран од Собранието и со специјално возило пренесен во Ургентен Центар, се вели во соопштението.

 

 

 

 

27.04.2017 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега