ОМД aпелира на воздржување од насилство во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) апелира до граѓаните на Република Македонија да се возржат од насилство.

 - Насилството не е решение и води до загрозување на иднината, слободата и стабилноста на Македонија. Единствено и демократско решение за излез од кризата е дијалог помеѓу сите политички партии, а не ескалирање на ситуации како денешната во Собранието со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, се вели во соопштението од ОМД.

 
Оттаму апелираат до меѓународната заедница, преводена од САД и ЕУ, итно да ја бојкотира, како што посочуваат, наметнатата тиранска платформа со што би се смирила тукушто настанатата критична состојба во Македонија.
 

 

 

27.04.2017 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега