Могерини и Хан повикаа на смиреност и воздржаност

 

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот  за проширување Јоханес Хан вечерва преку заедничко соопштение изразија загриженост и ги осудија случувањата во Собранието на Македонија.

- „Најостро ги осудуваме денешните напади врз членови на Парламентот во Скопје. Актите на насилство во Парламентот се целосно неприфатливи и ние повикуваме на смиреност  и воздржаност. Министерството за внатрешни работи и полицијата мора да обезбедат безбедност на Собранието и неговите членови. Демократските текови мора да продолжат.  Позитивно гледаме на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, како што известија медиумите. Европската унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствен начин за напредок и бараме сите политички актери да го почитуваат Уставот на земјата и да дејствуваат во духот на демократските принципи, достоинството и со здрав разум. Поранешната Југословенска Република Македонија е земја кандидат за членство и ЕУ е подготвена да работи со Парламентот на потребните реформи за напредок на земјата на европскиот пат“, се наведува во заедничката изјава на Федерика Могерини и Јоханес Хан.

 

 

 

27.04.2017 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега