Ќе се гради џамија кај висококатниците во општина Аеродром?

Изградба на џамија кај висококатниците кои ги гради Џеваир Холдинг во општина Аеродром најавува Исламската верска заедница, објавува Вест. Како што пишува весникот, од скопското муфтисто при ИВЗ најавиле дека ќе поднесат барање до општината за изградба на верскиот објект. 

Инвеститорот на зградите досега не поднел барање до нас да дозволиме изградба на џамија. Но со оглед на тоа што инвестицијата е турска и таму ќе живеат и муслимани, очекуваме да добиеме такво барање, по што ние ќе побараме од Општина Аеродром да обезбеди локациски услови за изградба на верски објект. Сметаме дека за такво нешто има потреба и треба да им се излезе во пресрет на идните станари во комплексот“ - вели за Вест скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.

Press24 ја провери информацијата во општина Аеродром. Од таму велат дека до овој момент до нив не пристигнало барање за изградба на верски објект и дека во деталниот урбанистички план, нема зацртано изградба на џамија. Од таму велат дека и во случај да добијат такво барање, истото ќе биде одбиено, бидјеќи во Аеродром само 0,5% од населението е муслиманско, со што нема потреба да се изгради џамија. 

ФОТО: Економски

најчитано сега