Јасмина со нож го усмрти дечкото – тврдела дека е самоодбрана

Апелациониот суд во Белград правосилно ја осуди на 13 години затвор Јасмина Цветковиќ (40) затоа што пред две години го убила тогашниот нејзин дечко Милан Томовиќ (38).

Таа одлука, која е објавена на сајтот на судот, ја потврди и пресудата Вишиот суд во Белград кој Цветковичева ка осуди за кривично дело убиство, а оштетените ги упати имотно правните барања да ги остварат во праница.

Максималната казна за убиство е 15 години затвор.

Во пресудата се наведува дека после кавгата пред зградата, Цветковичева Томовиќ со нога два пати го шутнала во бутот, по што тој влегол во станот, каде продолжиле со кавгата.

 Потоа, како се наведува, зела нож и го прободела осум пати, по што Томовиќ починал.

Цветковичева пред судот се бранела дека тоа го направила во самоодбрана.

Медиумите пренесоа дека таа во 2000 година, го убила тогашниот вереник Александра Пауновиќ (22), наречен Мали Паун, и тогаш тврдела дека тоа го направила во самоодбрана, но сепак е осудна на седум години затвор.

 
 

 

 

23.04.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега