Бостонските бомбаши претходно се обучувале

Двајцата браќа, осомничени за нападите во Бостон, Џохар и Тамерлан Царнајев претходно биле добро обучени, истакна првиот човек на американскиот Комитет за национална безбедност. Мекол истакна дека до ваквите сознанија е дојдено поради самата софистицираност на оружјето како и лонецот наполнет со клинци. Милитантите во Авганистан, Индија и Пакистан често користат рачно изработени бомби од експрес лонци, а јеменскиот огранок на Ал Каеда на интернет има објавено упатство за изработка на таква бомба.

најчитано сега