Цукерберг ги поместува границите на технологијата: Фејсбук воведува нова опција која нема да им се допадне на многмина

 

Првиот човек на „Фејсбук“ Марк Цукерберг најавува дека оваа друштвена мрежа наскоро ќе може да чита мисли. Тој прецизира дека тимот од експерти работи на развојот на технологијата која овозможува на луѓето по пат на Интернет до своите пријатели ги испраќаат сопствените мисли, без куцкање. 

Цукерберг во минатот укажал на потребата за развој на технологијата која овозможува на луѓето да ги читаат мислите, а сега и го потврди како неговиот тим работи на развојот на „директните мозочни дијалози“. 

Фејсбук работи на „Спејс“ апликацијата - првата апликација внатре на социјалните мрежи која овозможува дружење со пријателите во виртуелната реалност.

- Преминуваме на виртуелната реалност, што сега вклучува работење кое поврзано со мозокот. Во иднина можеме да комуницираме по пат на својот ум без типкање и говор, најавува Марк. 

Тој вели дека Фејсбук на тој начин ќе ги помести границите на технологијата, наведува британскиот Телеграф. 

 

 

 

20.04.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега