Експлозија пред експозитура на „Еуробанк„

 

Експлозија на бомба синоќа одекна пред експозитура на „Еуробанк“ во Атина, но нема ниту загинати, ниту повредени лица.

Според полицијата, експлодирала помала експлозивна направа, која ги оштетила влезот и прозорците во банката, а причинила помала материјална штета и на соседните згради.

Чуварот во банката видел како две лица на мотоцикл оставиле торба пред објектот и продолжиле натаму.

Истовремено, еден новински веб сајт добил телефонски повик дека бомбата ќе експлодира за 35 минути. Полицијата веднаш по дојавата ги блокирала улиците во близина на банката, а експлозијата се слушнала и во централните делови на Атина.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека тоа е дело на анархистите од групата Заговор на огнените ќелии

 

 

 

20.04.2017 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега