Прв круг од изборот на претседател на Албанија, досега нема ниту еден кандидат

Претседателот на албанскиот Парламент, Илир Мета, за утре го закажа првиот круг гласање за избор на нов претседател на земјата, но засега ниту владејачката коалиција, ниту опозицијата не истакнаа кандидат за оваа позиција, пренесе агенцијата Анадолија.

Според албанскиот Устав, претседателот се избира од страна на Парламентот со тајно гласање во три круга и мнозинство од три петтини од гласовите. Доколку се укаже потреба од евентуално, четврти, круг гласање тогаш за изборот ќе биде доволно само обично мнозинство.

Кандидатот за претседател се предлага од група од најмалку 20 пратеници во 140-члениот Парламент.

Шефот на државата се избира со мандат од пет години и со можност од само еден реизбор.

 

 

 

18.04.2017 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега