Гореше автомобил во Скопје

 

Возило „голф 5“ со скопски таблички ноќеска е опожарено на улицата „Среќко Пужаљка“ во Скопје. Нема поврдени лица и не е предизвикана материјална штета на околните возила и објекти.

Возилото е сопственост на 31-годишниот З.Б. кој околу еден часот по полноќ го паркирал автомобилот, а околу 02:40 часот бил известен од соседите дека возилото му е опожарено. Околу 3 часот пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Од пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а оштетен е и дел од внатрешноста.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. 

 

 

 

18.04.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега