Димовски: Малцинствата во Македонија уживаат најголеми права отколку во било која друга земја во Европа
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница нагласи дека Република Македонија е единствената земја во Европа во која се признати правата на малцинствата за разлика од другите земји во опкружувањето.
За Димовски неразбирливо е како тоа Македонија е нон стоп на таргет дека не ги почитува правата на малцинствата, додека Македонците кои што се малцинство во другите земји не можат ниту да го изучуваат својот мајчин јазик, а некаде не ни можат да кажат дека се Македонци.
Димовски додеде дека во изминатите денови на отворање на мост во Општина Гостивар каде што Македонците се 35%, официјалната прослава се водела само на албански јазик. Тој запраша за каков соживот и за какво почитување на права се залагаат Албанците кога тие ги игнорираат Македонците во средините каде што се мнозинство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа