Пратениците утре на работа - ќе бираат претседател на Собранието

 

По петдневна пауза, Собранието на Република Македонија утре треба да ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Почетокот на 13-тото продолжение на седницата е закажано во 11 часот. 

Во досегашниот тек од расправата со реплики се јавуваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои бараат СДСМ да се откаже од платформата од Тирана и дека тоа, според нив, е клучот за излез од политичката криза или да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се во допир со точката на дневниот ред. Тие побараа да се стави на гласање нивниот предлог -  да се премине на новата точка - избор на претседател на Собранието. 

Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом. 

 

 

 

17.04.2017 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега