ВМРО-ДПМНЕ: Нови парламентарни избори за излез од кризата

 

- Нови парламентарни избори се единствен излез од ситуацијата во која СДСМ ја доведе државата, бидејќи само така граѓаните јасно ќе можат да се изјаснат околу тиранската платформа и нема да се чувствуваат измамено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.

- Народот не дозволува ниту формирање тиранска влада, ниту реализирање тиранска платформа и не го интересираат фактурите на Заев. Затоа СДС е во паника и е цврсто решен својата фактура да ја плати со распродажба на највисоките национални и државни интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се нагласува дека СДСМ е однародена партија и затоа стотици илјади граѓани секојдневно им порачуваат дека е почесно да ги одлежат затворските казни што ги чекаат за криминалот отколку да извршат предавство.

- Ветувањата и обврските на СДС кон нарко-мафијашките структури кои им помагаа на избори се нивен проблем, а не проблем на народот. Сервилниот однос кон сите што го негираат македонскиот идентитет и предавничкото молчење и прифаќање на тиранската платформа е проблем на криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него, а не на народот. СДС е на спротивна страна од народот и гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека цената на фактурата СДСМ може да си ја плати со криминално стекнатиот имот на нивното раководство.

 

 

 

13.04.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега