Почина на 29 години - трагичен крај за познатата ријалити ѕвезда

 

Поранешна манекенка и учесничка во американското шоу „Bachelor“  го загуби животот на 29-годишна возраст.

Смртта на Џиа Алеманд ја шокираше американската јавност. Таа пред два дена заврши во ургентното одделение во болница во Њу Орлеанс, а денес и го загуби животот на 29-годишна возраст.

Нејзиното момче НБА кошаркарот Рајан Андерсон ја пронашол во состојба со изгубена свест, при што веднаш била пренесена во болница. Што ја натерало младата Џиа да крена рака на самата себе сеуште не е познато.

- „Џиа е на апарати и едвај диши, без никаква причина, следните 48 часа се критични. Молете се за Џиа. Многу сум тажна поради мојата најдобра пријателка. Како можеше тоа да и се случи на една прекрасна личност“, напиша нејзината најверна другарка на Твитер.

 

11:38

најчитано сега