Хорор во Белград: Обожавателка ја нападнала сопругата на Здравко Чолиќ со нож и ја исекла по лицето

Откако чекори на уметничката сцена, Здравко Чолиќ стана миленик на сите жени. Поради тоа обожавателките го следат секој негов чекор. Овој инцидент ќе му остане врежан во главата.

Неговата обожавателка отишла толку далеку, што неговата сопруга Александра ја нападнала со нож и ја исекла по лицето.

-„Многу работи имам поминато во животот. Еднаш мојата сопруга беше нападната од обожавателка која ја исече по лицето. За среќа немаше големи последици. Тоа беше одамна, но ден денес се сеќавам на тоа. Мојата жена немала други непријатности, бидејќи не се експонира јавно, а и јас сметад дека жената и децата треба да бидат подалеку од очите на јавноста.“- изјавил Чолиќ за еден српски магазин.

Тој вели дека драмата добро се завршила, бидејќи неговата сопруга не е љубоморна.

-„Мојата сопруга реагираше како што треба. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно делува на неа. Таа на мојата работа гледа како нешто што е дел од мене.“- вели пејачот.

 

 

 

12.04.2017 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега