Садел овошје на својот имот, но открил нешто чудно- Повикал експерти и се запрепастил кога дознал што е тоа

Населба стара 3500 години е откриена на имотот на семејството Младеновиќ, во селото Грачац во Врњачка Бања.

Тој археолошки локалитет е откриен сосема случајно, кога сопственикот Живота Младеновиќ, копајќи за да засади овошје, неколку пати наоѓал археолошки остатоци.

-„Пронајдениот материјал укажува дека станува збор за населба која во тоа време постоела во долината на Јужна Велика Морава. Инаку овој локалитет е пронајден по должината на Западна Морава.

Откриените предмети ќе бидат конзервирани и предадени на Народниот музеј во Краљево, а врз основа на претстојните анализи, ќе се одлучи дали се неопходни понатамошни ископувања.“- вели археологот Марија Алексиќ.

-„Додека садев овошки, често наоѓав чудни предмети. Прво помисли дека се бакарни или керамички, но со текот на времето сфатив дека тие не се од денешно време, туку дека датираат од праисториско време. Сето тоа го однесов во Културниот центар и Народниот музеј во Краљево.“- изјавил Младеновиќ.

 

 

 

 

12.04.2017 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега