Замина од главниот град- Актерот сега пече ракија, вози трактор, а викендицата му изгледа вака

Пред 16 години одлучи за замине од Белград и да започне нов живот. Актерот сега живее на село во Ваљево, а селаните велат де им е омилен сосед.

Актерот вели дека неговата ракија не содржи ништо друго освен овошје.

-„Кај мене нема лаги и превари. Го земам најдоброто од овошјето и од тоа правам ракија. Чиста, вистинска и полна со вкусови.“- вели Ненад Јездиќ.

Голема семејна куќа и уште еден објект од преку 1000 квадрати, кој уште се гради, каде што ќе отвори ресторан, а во подрумот ќе ја складира ракијата, дваесет хектари земја и желба на сите да им биде добро.

-„Секое утро размислувам што ќе ми е сето ова. Но, сепак земјата ме врзала за неа. Овде имам можност да направам нешто драгоцено за своите. Ова е во моментов мојата потреба. Морам ова да го направам поради моето семејство, но и поради луѓето кои работат и ќе работат за мене и нивните семејства.“- вели Ненад.

Тој не е само газда, тој е и со мајсторите, вози трактор, сече дрва...

-„Кога експертите би се занимавале со мојот случај, ова би го оцениле како бегање од сè. Тоа и го направив. Ова е огромно одрекнување и подвиг, така што бев навистина силен да побегнам од себе. Од театорот и глумата.“- вели актерот.

 

 

 

11.04.2017 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега