Пејачот на Гранд се заби во камион, автомобилот смачкан

Младата ѕвезда на Гранд, Мирче Радуловиќ, во саботата со неговиот автомобил се забил во камион. 

Медиумите од регионот објавуваат дека пејачот во саботата до доцна настапувал во еден клуб, а за разлика од другите пејачи кои по настап имаат возач кој ги враќа до дома, тој сам седнал во автомобилот и тргнал кон дома. 

Несреќата се случила на Ибарската магистрала, а со него во возилото била и неговата сопруга, Ана Радуловиќ. Камион кој бил пред нив нагло закочил, по што пејачот удрил во него, а потоа и неколку други возила удриле во него. Автомобилот бил смачкан.

На лице место веднаш дошле полиција и Брза помош.

Пејачот се огласи и потврди дека имал сообраќајка, но рече дека се добро со сопругата. Среќа е што и нивното дете не било со нив.

 

 

 

 

11.04.2017 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега