Тажна вест: Уште една Југословенска легенда го напушти овој свет

Трагично и изненадно, од овој свет си замина уште една легенда, кога е во прашање сцената од бивша Југославија.

Во сообраќајна несреќа во Холандија, загина Давор Папиќ, еден од најпознатите графички дизајнери на Балканот.

Тој е најпретпознатлив за визуелниот идентитет на „Црвена јабука„и дизајнер на сите нивни студиски албуми, објавени од 1986 па се до 2016 година.

Давор е дипломиран графички дизајнер од Сараево а живеел и работел во Холандија.

Тој има работено со неколку од најпознатите имиња во регионов како што се Оливер Мандиќ,Младен Војќиќ Тифа, Дино Мерлин и уште многу други.

Деталите за сообраќајната несреќа сеуште не се познати, но наскоро со детали.

 

 

 

 

10.04.2017 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега