Протестен марш во Кавадарци

Протестен марш и вечерва беше организиран во Кавадарци, пред присутните се обрати Сава Манева, историчар и географ во пензија. Таа ги повтори барањата зад кои застанаа приврзаниците на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, за неприфаќање на платформата од Тирана и зачувување на унитарноста на Република Македонија. 

-Тука сме сите заради Македонија. Како историчар ги следам настаните. Некои сакаат да ги жртвуваат државните вредности заради личен интерес. Но, ние сме обединети и нема да го дозволиме тоа, не се плашиме од никакви уцени. Нема да помине туѓата платформа, не даваме власт на предавници кои сакаат да не продадат, нагласи меѓу другото Манева.

Обвиткани со македонски знамиња, присутните ги пееја државната химна и македонски револуционерни и патриотски песни, скандирајќи "Македонија", "Македонија".

Кавадарчани започнаа да маршираат од пред новоизградената црква "Света Петка", преку главната улица "Илинденска", до градскиот плоштад. Пораките за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, знаме, грб и химна, беа упатени од пред општинската зграда.

 

 

 

10.04.2017 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа