Вучиќ и Мекејн се сретнаа во вилата „Мир“: Србија останува воено неутрална, САД со поддршка за европската интеграција

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ денеска го прими американскиот сенатор Џон Мекејн во вилата „Мир“ во Белград. Тие двајца, како што изјави премиерот после средбата, разговарале за сочувањето на мирот во регионот, билатералните односи меѓу САД и Србија и учеството на Србија во глобалните текови. 

Разговорот со Мекејн бил воден во три основни насоки: 

- Прва насока-   сочувањето на мирот и стабилноста во регионот, втора - билатералните односи и трета - учеството на Србија во глобалните текови, рекол на почетокот од заедничката прес конференција на премиерот Вучиќ  

на почетокот на конференцијата бил забележа и еден интересен момент - кога влегле  во салата за да им се обратата на новинарите, Вучиќ прво застана пред американското знаме, а Мекејн пред српското, но протоколот веднаш реагирал и Вучиќ го повикал Мејекн да направат замена, секој да си застане под своето знаме. 

Премиерот рекол дека тие двајца разговарале за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој на Мекејн му порача дека Србија останува воено неутрална, како и дека останува на патот за евроинтеграцијата, Мекејн порача дека Србија има поддршка од САД за ЕУ. 

Мекејн на почетокот од своето обраќање на заедничката прес конференција со премерот Вучиќ, изјави соочуство до семејствата на загинатите пилоти во стравичната несреќа кај Шабац во петокот. 

 

 

 

 

 

 

10.04.2017 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега