Опожарено возило во Струга

 Во Полициската станица - Струга вчера во 6 и 53 часот било пријавено дека на улицата „Партизанска“ непосредно до фудбалскиот стадион „Караорман“ било опожарено патничко моторно возило „СААБ“, без регистарски ознаки. 

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Струга, а увид на местото извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи-Струга.

Констатирано е дека возилото во целост е опожарено, а пожарот најверојатно е подметнат со лесно запалива материја од страна на засега непознато лице.

Полициската станица во Струга презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

09.04.2017 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега