Пукање во Скопје

Пукање ги потресе жителите од околината скопските села Буковиќ и Раовиќ.  Според инфорациите на поицијата, вчера околу 09.30 лицето во ЕИК-Скопје, А.Н.(29) од с.Раовиќ-Скопје, пријавил дека додека се движел со ПМВ„Фолксваген Голф“ по локалниот пат од с.Буковиќ кон с.Раовиќ, во кое возило биле неговата сопруга и тригодишното дете, од страна на друго ПМВ “Фолксваген Голф“ му бил попречен патот. Кога запрел со движење, според пријавата на А.Н. од возилото кое му го попречило патот излегле браќата Д.Ј.(1975) и И.Ј.(1977) од с.Паничари, од кои едниот бил вооружен со автоматска пушка, а другиот со пиштол, и од пушката, наводно е истрелано неколку пати кон него. А.Н. успеал да се врати назад и да избега.Додека траела потрагата по лицата кои се посочени дека пукале, на влезот во с.Раовиќ, полициски службеници (тим на „АЛФА“)   биле запрени од три лица за кои подоцна  е утврдено дека се И. Ј., Д. Ј. и Ш. Р.(1995) од с.Копаница, и истите пријавиле дека на патот од с.Буковиќ кон с.Раовиќ имале вербална расправија со А.Н., кој во еден момент извадил пиштол и го вперил кон нив, по што истите се дале во бегство.  На местото на кое е пријавено дека се случил  настанот не биле пронајдени чаури, а при преглед кај сите инволвирани лица, засега не е пронајдено никакво оружје и е констатирано дека нема повредени и не е предизвикана било каква материјална штета.

 Лицата кои се посочени дека пукале од автоматска пушкa се приведени во ПС Кисела Вода и се работи на расветлување на случајот.

 

 

 

09.04.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега