Пожар во Скопје - има повредени

Семејство од Скопје остана без својата куќа откако избувнал пожар.

Несреќата се случила околу  12.00 часот во Скопје на ул.„Јајце“ во куќа сопственост на М.Н.(53), од засега непознати причини настанал пожар, при што е опожарен горниот кат и покривната конструкција.Интервенирано е од страна на БППЗ и во 13.10 часот пожарот е целосно изгаснат. Причините за пожарот засега не се познати.  Во моментот кога избил пожарот, во куќата биле тројца членови на семејството кои навремено ја напуштиле куќата и не се здобиле со повреди, а Ј.А.(61) додека се обидувал да го изгасне пожарот, се здобил со повреди од парче дрво кое му паднало врз главата.

Медицинска помош му била укажана на лице место од страна на екипа на ИМП. 

 

 

 

 

 

09.04.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега