Разбојник и велгол дома, кога му ја тргнала маската се шокирала

Разбојник влезе  во семејна куќа во Штип.

- Вчера жоколу 00,30 часот во Штип, непознато лице со употреба на сила и подесен алат го скршило стаклото од влезната врата од куќата сопственост на  С.М.(77) и П.М.(74), влегол внатре и ставил черга врз главата со која го прекрил лицето. Потоа се упатил во собата каде што спиеле оштетените и бидејќи истите слушнале тропање и кршење на стакло, станале од креветот, а сторителот им ги побарал пари. П.М. се упатила кон него и успеала да му ја тргне чергата од главата и го препознала сторителот, дека е нејзиниот внук К.С.(31) од Штип. Во тој момент К.С. со рака ја удрил П.М. во пределот на главата од што паднала на подот, а К.С. продолжил да бара пари. Отакако С.П. успеала да стане и се упатила кон кујната, за да земе некој предмет со кој би се одбранила, К.С. ја престигнал и уште еднаш ја удрил со рака во пределот на главата, по што побегнал од местото на настанот, без да успее да им земе пари или друг вреден предмет, соопштија од полициската станица во Штип.

Увид е извршен од екипа на СВР-Штип и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

09.04.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега