Селото се уште ја чува тајната: Љубиша пред 4 години изврши масакр, уби 13 роднини и соседи

Љубиша Богдановиќ (60) најави ден пред злосторството во Велика Иванча, во која на денешен ден пред 4 години уби 13 роднини и соседи, дека ќе им пресуди на својот син, мајката и стоката, а потоа ќе се пресмета и со соседите.

Ова е чувана како голема тајна за која зборува цело село, откри соседот на Љубиша. 

-Слушнав дека Јаворка зборувала, како вечерта пред масакрот се заканувал дека ќе ги потепа своите најмили, а и дека тогаш ќе се пресмета со другите соседи. Таа вели, не му поверувала на заканите. Низ село се зборува дека Љубиша го убил синот Бранко зошто бил во врска со една разведена жена, со што тој не можел да се помири, рече еден од мештаните.

Друг жител рече дека Љубиша чудно се однесувал ден пред злосторството.

-Доаѓаше до главниот пат, а потоа се враќаше дома. Изгледаше како да заборавил нешто и беше малку занесен и чуден, рече друг сосед.

Foto-ilustracija: Telegraf

Во Велика Иванча како се да замрело. Куќата на убиените семејства веќе нема кој да ги отвори, освен на годишнината на крвавиот злостор.

Во куќата на Деспотовиќ, во која е убиеното целото петчлено семејство, вчера дојдоа роднини да го подготват поменот.

-За масакрот немаме веќе сила да зборуваме. Наместо да се радуваме, да имаме ксмет, вратата на куќата е закатанчена. Пукаше во жената, а таа преживеа. Сигурно за да гледа дека го нема повеќе синот и роднините, велат роднините на Деспотовиќ.

Во куќата на убиената Драгана Стекиќ беше нејзиниот сопруг Радоје. Тој кобниот ден ја изгубил мајката Даница, но синот Александар за среќа преживеа зошто спиел на катот.

Foto: Profimedia/Corbis

 -Не поминува ниту ден а да не се запрашам зошто го направи тоа. Помислував да се убијам. По несреќата бев кај братот, кога Јаворка намерно дојде. Ми рече дека Љубиша тоа не го направил намерно и да му простам. Тогаш пламнав и и реков да ме остави на мира, и да не долева масло на огнот, раскажува Радоје за својот живот по трагедијата и средбата со Јаворка.

Јаворка често го посетува гробот на сопругот, кого тајно го погреба во селото Рајковац кај Младеновац. Остана во куќата да го одржува имотот, а и помагаат и ќерката и зетото.

Денеска во Велика Иванча ќе се соберат роднини и пријатели да одржат помен за настраданите.

 

 

 

09.04.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега